EV

Лука де Мео: ниту еден европски бренд веќе не развива мотори со внатрешно согорување

Објавено на

 

Лука де Мео, Извршниот директор на Renault Group, тврди дека европските производители веќе не развиваат класични мотори.

Сите расположливи пари се вложуваат во развој на електричните и на возилата на водород.

Постојните мотори само ќе бидат прилагодени кон новите Euro 7 норми, кои сеуште не се допрецизирани.

Ова е мислењето на Лука де Мео кој ја врши функцијата на генерален директор на групацијата Renault.

Инсистирањето на Германија за развој на синтетичките горива е малата врата низ која треба да се протнат моторите со внатрешно согорување.

Но симболичната количина на нивно производство, примарно говори за егзотика која во иднина ќе можат да си ја дозволат само најбогатите.

Од друга страна италијанските производители ја туркаат идејата со био-горива, кои од страна на експертите по енергетика, исто така се сметаат за надмината фаза во развојот.

Веќе донесената европска регулатива, според која од 2035 година смеат да се продаваат само возила со нулта емисија, без исклочок сите европски производители ја дочекуваат потполно подготвени.

Така, Jaguar потполно ќе се електрифицира до 2025 година односно цела деценија пред да мора да го стори тоа.

Mercedes-Benz и BMW се обврзаа дека ќе преминат на електрични автомобили пред 2030 година, додека во следните седум години скоро сите брендови на Stellantis се очекува да ги напуштат бензинските и дизел моторите.

Volvo, Renault, Ford (Европската филијала), Bentley и Rolls-Royce тоа ќе го сторат до 2030 година.

Од неевропските брендови, според најавите Hyundai и Kia ќе нудат класично моторизирани возила се до крајниот рок, а групацискиот премиум бренд Genesis ќе се преоринтира на струја пет години порано од нив.

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.