Во светот
Лимузински дуел: Путин vs Трамп
Со стапувањето на должност рускиот претседател Путин доби целосно нова службена лимузина. Американскиот претседадел Трамп, исто така користи специјална службена лимузина конструирана само за највисоката функција во САД. Интересно е да се споредат претседателските лимузини на двете најмоќни држави во светот.
Во проектот „Кортеж“ руската админстрација вложи 192 милиони долари, а како продукт се доби лимузина од новата марка Aurus чиј прв модел е наречен Senat.
Светот премиерно ја виде лимузината при стапување на сила новиот мандат на Претседателот Путин.
Со техничка помош на германците од Porsche и Bosch големата лимузина целосно е произведена во руските фабрики. Техничкиот аспект ни открива вградување на 4.4 литарски битурбо во конфигурација од V12 со 600 КС.
За руската премиум лимузина уште се знае дека во должина достигнува 6.6 метри, а тежи 6.5 тона. Од достапните информации се издвојува моментот кој говори дека Aurus Senat може под вода да издржи прилично долго време.
Според традицијата големата лимузина е проектирана од експертите на General Motors (под надзор на Тајната Служба), а се произведува под ознаките на Cadillac.
Поради масивноста и димензиите, Обама ја опиша како миниван поставен на основа на тенк. За таквиот опис делумно се заслужни и стаклените површини со дебелина од 13 cm и вратите од 20 cm. Претседателската лимузина се придвижува со V8 мотор (силината никогаш не е соопштена), а како посебност се истакнува заштитата од хемиски напад како и резервоар заштитен од избивање на пожар.
Лимзуината на Трамп иако е пократка од таа на Путин за цели 1.1 метри (5.5м), сепак во тежина го надминува рускиот ривал за 500 kg (7 тони).
Во врска со вградените безбедносни системи никој не се осудува да ги споредува двете претседателски лимузини, но секако дека станува збор за врвни системи кои се посебно проектирани за водење грижа на нивните високи патници.
Иако во мометот изгледа дека рускиот претседател се вози во посовремен лимузински претставник сепак треба да се знае дека тој е од понов датум, а се знае и тоа дека набргу се очекува американски одговор во облик на ново превозно средство на неговиот колега.