Во светот
Лебедовата песна на Lotus
Во почетна фаза на големите промени со кои треба целосно да се електрифицира, Lotus понуди сосема нов спортски автомобил со прифатлива цена.
И тоа не со еден туку со два – Британците решија да ѝ кажат збогум на вековната технологија со дволитарскиот турбо од AMG и 3,5 литарскиот V6 од Toyota.
Првиот има седумстепена трансмисија со двојна спојка и 360 коњски сили, а вториот мануелен менувач и 400 коњи кои ги задвижуваат задните тркала.
Концепциски Emira е базиран на нова верзија на познатата лесна шасија и има димензии колку Evora, а дизајнерски се ослонува на електричната Evija.
Најголем напредок бележи ентериерот кој е драстично модернизиран и унапреден, со побогат избор на опционална опрема заради, како велат од Lotus, за да на основниот модел се задржи ниската тежина.
Токму таа е она што ветува возбудливи перформанси – забрзување до 100 km/h за малку над 4 секунди и максимална брзина од малку под 300 километри на час.
И сето тоа за некои 60-тина илјади фунти – колку точно ќе дознаеме кога ќе започне да се продава, некаде ова време идната година.