ФК Барселона доби службен автомобил, но сепак и понатаму останува во кругот на Volkswagen семејството.
Audi со години беше спонзор на славниот фудбалски клуб, а неговите фудбалери редовно ги користеа возилата од Инголштат. Но, сега ситуацијата е малку поинаква …
Сепак се најде решение – фудбалскиот клуб доби свој службен автомобил. Логично, тоа е Cupra Formentor, чија продажба тукушто започна.
За разлика од досегашните спонзорства, ова е прв случај некој фудбалски клуб, на место да се поврзе за одреден бренд, да добие конкретен модел за службен автомобил.
Тој ќе се користи за промотивни цели, а фудбалерите ќе можат да одлучат дали сакаат примерок и за себе.
Прв кој го стори тоа е првиот голман на екипата, Марк Андре тер Штеген, кој инаку е глобален амбасадор на Cupra.