EV
Кристина Гутереш и Mitsubishi Eclipse Cross на Дакар рели
Храбрата шпанка, Кристина Гутереш ќе биде главниот возач на тимот на Mitsubishi Motors Шпанија, на претстојното Дакар рели, кое ќе се одржи од 6ти до 17ти јануари, следната година.
На 27 годишната Кристина, ова ќе и биде трета натпреварувачка година, а нејзин копилот ќе и биде 26 годишниот Пабло Хуете.
Засега нема детални инфомации за перформансите на возилото, но младата Кристина упати повик за масовна поддршка за нејзин успех на 41-то издание на Дакар рели.
Таа вели дека Eclipse Cross е најспектакуларниот рели автомобил што досега го возела и навистина привлекува големо внимание.
Инаку, годинешното рели ќе се одржи во Перу, Латинска Америка, каде патеката е во должина од 5,000 км, од кои 70% е под песок.