Во светот
Крај на пребрзото возење – електрониката ќе го спречува
Со одлука на европската комисија, сите нови модели возила од јули идната година ќе мора да имаат вградено функција која интелигентно ќе ја ограничува брзината.
Нејзиното присуство ќе биде задолжително за сите нови возила од почетокот на 2024 година, без разлика на категоријата – автомобили, доставни возила, камиони…
Ќе работи на принцип на картографски податоци од системот за навигација и/или од камерите на возилото кои ќе ги препознаваат сообраќајните знаци.
Системот мора да го извести возачот за брзината која треба да се почитува, дополнето со звучни или предупредувања на некој друг начин кога таа се пречекорува.
Исто така, овој систем анонимно ќе собира податоци кои ќе бидат испраќани на надлежните служи на анализа, без да ги поврзува со одредено возило или возач.