Видео
Кралот се врати: Ова е новиот Range Rover [фото+видео]
Голем и луксузен, Range Rover отсекогаш во најдобра смисла покажувал што значи англиската круна во автомобилскиот свет.
Прв од својот вид кој го создаде пред пет децении, Range Rover и во новото издание успева да ја задржи гордоста на претходниците и да ги предводи сите други по неговиот пат.
Задржаниот кутиест дизајн однапред благо е еволуиран, отстрана е скоро идентичен но одзади е нешто сосема поинакво, футуристички модерно.
Високата технологија владее рака под рака со кралевскиот комфор – новиот Range Rover донесува дури 125 различни иновации.
Иако огромен, Range Rover е лесно управлив бидејќи се вртат и задните тркала – при мали брзини спротивно од предните, а при поголеми во иста насока.
Кабината во која може да има четири, пет или седум седишта има систем за вентилација кој штити од алергени, бактерии, па дури и од подмолниот ковид-19 вирус.
Дизелите се со 250, 300 и 350 коњи, бензинците со 360, 400 и 530, а плаг-ин хибридите со 440 и 510, сите спарени со осумстепена автоматика и 4×4 погон.
Цената стартува од 94.400 фунти, а нарачки веќе се примаат.