Видео
Кој мотор подолго ќе издржи без подмачкување и ладење (ВИДЕО)
Колегите од Британски CARWOW дошле на идеја да проверат кој од моторите на Honda, Peugeot и Ford најдолго ќе издржат под полн гас да работат ако им се отстранат маслото и антифризот!
На поприлично невообичаена, да не рече луда, идеа дошле уредниците на британскиот популарен автомобилски медиум, CarWOW. Тие решиле да „убијат“ три мотори (Honda Civic, Peugeot 206, Ford Focus) со тоа што ќе им ги испуштат маслото и течноста за ладење.
Така „суви“ моторите се оптеретени да работат на максимален број вртежи, односно со цигла на папучата на гас.
Да потсетиме, маслото во моторот има тројна улога: да потмачкува. да ја лади средината и да го прочистува моторот од остатоци на горењето. Течноста за ладење има една и едиснтвена улога, што поефикасно да го лади моторот.
Очекувањата на новинарите биле дека ниту еден мотор нема да издржи подолго од една минути. Тие очекувања набргу се оствариле па, според нив очекувано, после само 20 секунди прв во вечните ловишта отишол моторот на Focus.
Уште еден од конкурентите не успеал да ја помине границата од една минута, но последниот упорно продолжил да се врти и понатаму. Што е уште поинтересно после неговата клиничка смрт, по извршена реанимација со Coca Cola и Mint бомбони, тој уште некое време продолжил да работи.
Дали можеби наслутувате кој од останатите два мотори одбивал да се успокои?