Во светот
Кој е кој во Германија?
На германските патишта се движат скоро 48 милиони автомобили, но кои се најчести?
Сојузната канцеларија за моторни возила KBA неодамна објави нов извештај за најзастапените марки и модели автомобили во Германија, во кој и има, и нема изненадувања.
Со оглед дека германската нација е богата не изненадува ниту второто место на Mercedes со 9,4 отсто, но затоа одличното котирање на Opel веднаш зад него со 9,1 отсто е неочекувано. Добро е застапен и Ford (7,3 отсто), додека BMW и Audi се во клинч со 6,9 односно 6,8 отсто.
Дотука сé е јасно, а и понатаму – најдобра од странските марки е Škoda со значително пониски но сé уште високи 4,8 отсто, зад која топ-10 листата ја пополнија уште Renault (3,7 отсто) и Hyundai и Toyota со идентични 2,7 отсто.
Ниту на листата на најпопуларните модели на автомобили нема никакви изненадувања – уверете се и сами:
- VW Golf
- VW Polo
- Opel Corsa
- Opel Astra
- Mercedes C-класа
- BMW серија 3
- VW Passat
- Audi A4
- Ford Fiesta
- Ford Focus