EV
Конечно претставен новиот Volkswagen Golf R (фото галерија)
Во март Volkswagen го претстави спортскиот Golf GTi од новата генерација, неодамна се појави Golf GTi Clubsport, а сега конечно пред нас е и топ-верзијата.
Новиот Golf R требаше да го види светлото на денот во јули на Goodwood фестивалот на брзината кој беше откажан, а зошто Volkswagen чекаше дури до сега да го покаже овој модел знаат само тие.
Тие се доволни за лансирање од 0 до 100 km/h за само 4,7 секунди, додека максималната брзина стандардно електронски ограничена на 250 km/h, опционално може да се отклучи на 270 km/h.
Во R-пакетот се 19-инчни тркала, аеродинамичен кит (преден спојлер, спортски прагови, црн заден дифузер, спојлер на покривот назад…) и спортскиот издувен систем со четири цевки кои му го истакнуваат карактерот.
На возачот му стојат на располагање шест режими на возење меѓу кои и дрифт режимот, спортски седишта со напа кожа и сини детали, загреван управувач, педали од нерѓосувачки челик…
Како и останатите верзии, и Golf R доби нов инфо-забавен систем, дигитална инструмент табла, Travel Assist систем за полуавтономно возење, Car2X комуникација со околината и друго.
Што се однесува до цената, таа не е позната – ќе биде соопштена дополнително.