Во светот

Колку енергија трошат електричните возила

Објавено на

 

Американската агенција за заштита на животната средина (Environmental Protection Agency) спроведе опсежно истражување за реалната потрошувачка на енергијата кај електричните возила.

Шампион по ефикаснот: Hyundai Ioniq Electric 2019

Возилата на електричен погон, исто како и нивните пандани опремени со класични мотори, различно ја трошат енергијата.

Додека едните ги празнат резервоарите овие другиве ја користат енергијата складирана во батериите.

Врз потрошувачката пресудно влијание има тежината – стара вистина е дека килограмите трошат енергија.

Покрај овој фактор, секако дека силно влијание имаат и обликот (аеродинамиката), потоа начинот на возење и на крајот (или на самиот почеток) тука е силното влијание на ефикасноста на моторот и останатите погонски склопови.

Кај електричните возила контрадикторно е барањето за зголемување на автономијата. Тоа од една страна значи вградување на батерии со поголемо количество на акумулирана енергија но од друга страна нивната тежина придонесува кон побрзо трошење на истата таа енергија.

Tesla Model 3 Standard Range Plus

Од друга страна на проблемите стојат неспоредливо поедноставниот погонски склоп и останатите механички делови за пренос.

Електромоторите можат да бидат сместени во предниот или задниот дел, централно на оските или пак, како кај спортските електрични возила, на секое тркало по еден електромотор.

Сите овие можност во последната деценија интензивно се испитуваат, па не е за чудење големиот напредок што е постигнат во секоја сегмент па дури и во секоја посебна компонентна.

Се навраќаме на испитувањето на америкаснкиот инстиут кој успеал да ги спореди сите електрични возила кои се понудени или набргу ќе бидат понудени на американскиот пазар.

Во споредбата се дадени просечни вредности за потрошената енергија (изрзена во Wh по изминат километар).

Од таблицата може да се види дека на првите три места по ефикасност се:

  1. Hyundai IONIQ Electric– 154 Wh/km
  2. Tesla Model 3Standard Range Plus – 156 Wh/km
  3. Tesla Model 3Long Range – 161 Wh/km

Ако поинаку ја изразиме оваа потрошувачка на примерот на Hyundai Ioniq Electric, тоа би значело дека со поминување на 100 километри возилото би потрошило околу 15.5 kWh.

По претпоставка да биде вграден сет од батерии со капацитет од 75 kWh (кило ват часови) автономијата на електричниот Ioniq би била cca 500 километри. Тоа е таа едноставна математика која ни ја оставил во наследство Тесла, … великиот, Никола Тесла.

Ако таблицата ја погледнеме од долу ќе забележиме дека последни по ефикасност се големите SUV возила.Тајната на нивната неефикасност лежи во големите габарити, и секако, во тежината. Тоа е објаснувањето зошто на неславното последно место се најде Jaguar I-Pace.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.