Среде ноќ за 11 минути собрал повеќе од 10 илјади долари казна – тоа може да му се случи само на некој кој навистина е баксуз.
А таков е возачот на црниот Subaru BRZ, неименувано 23-годишно момче, кое одлучило малку да се провози низ предградијата на Сиднеј.
Арно ама, предизвикано од моќта на јапонскиот спортист, се занел малку со брзината бидејќи било среде ноќ и немало сообраќај.
Немало ни полициски патроли, ама имало полициски хеликоптер кој тој не можел да го види бидејќи било темно, ниту да го слушне од бучавата на 200-коњскиот боксер.
Хеликоптерот го следел 11 минути за кои неговиот радар забележал дека вкупно 12 пати ја пречекорил дозволената брзина.
Конкретно, возел до 10 km/h еднаш, побрзо од 10 km/h исто така еднаш, побрзо од 20 шест пати, побрзо од 30 два пати и побрзо од 45 km/h исто два пати.
Како што извести полицијата на Нов Јужен Велс, сето тоа претворено во казни изнесува точно 10.252 австралиски долари и 50 казнени поени.
Колку за информација, со 12 казнени поени собрани во период од три години возачката дозвола се одзема на три месеци, плус уште по еден месец за секој поен.