EV

Кога ниту иднината ниту минатото не се препознаваат (видео)

Објавено на

Пред втората светска војна Škoda беше во голем замав. Направени се во тоа време повеќе доста популарни модели, но и уникатни прототипи како што е 935 Dynamic.

Неговиот исклучителен изглед беше пионерска работа на чешкиот производител на оптимизација на аеродинамиката на возилата.

Телото со облик на капка солза ги следеше теоретските принципи и правила, кои почитувајќи ги во што поголема мерка придонесоа дизајнерите да креираат необичен и елегантен автомобил со коефициент на отпор на воздух од 0,37.

Освен модерниот, дури и футуристички изглед, рационалниот профил со развлечено спуштен заден дел и перка на него на возилото му обезбедуваа стабилност при брзини до 140 километри на час.

Но не беше само изгледот напреден – целосно неконвенционален елемент во конструкцијата беше шасијата со „рбет“, односно фиксна централна цевка која служеше како резервоар за гориво.

Со користењето на комбинација на алуминиум и челик, инженерите на Škoda успеаја да ја задржат тежината на овој 4,86 метри долг автомобил на само 1.170 kg. За погон беше предвиден четирицилиндричен боксер мотор со два карбуратора, сместен пред задната оска, кој од двата литра работна зафатнина извлекуваше 55 коњски сили.

Трудот и истражувањата вложени во аеродинамиката подоцна се применети на други модели, но 935 Dynamic остана прототип и никогаш не се ни доближи до монтажните ленти. Чешкиот производител дури и се ослободи од него, продавајќи го во 1939 година на еден приватен купувач.

За среќа тој успеа да ги преживее воените виори и иако во очајна состојба во 1968 година се врати во тогаш новоотворениот музеј на Škoda, каде по втор пат беше заборавен и занемарен сé до 2012-тата, кога е започнато со процесот на негова репарација кој траеше дури четири години.

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.