Наше мислење

Кобен мотоциклистички викенд

Објавено на

 

Продолжениот викенд беше трагичен за четири мотоциклисти од кои тројца не успеаја да ги преживеат тешките сообраќајки.

Драматични три дена за четири семејства во Македонија. Петокот, мотоциклист од Кичево изгубил контрола а по само два дена кобниот пад го чинеше живот.

Во Струмица двајца тинејџери останаа на лице место по судирот со автомобил, а во Охрид, за среќа, падот од мотоцикл поминал само со телесни повреди.

После ваков трагичен биланс логично звучи прашањето: дали кај нас се вози или пак се војува? Всушност, за познавачите на домашните состојби, дилеми нема. Голем број возачи помувањето на растојанието помеѓу две точки, и буквално го сфаќаат како борба за преживување.

Несреќата на таквото размислување е што притоа страдаат најранливите групи од сообраќајните учесници. Не сакајќи да навлегуваме во причините за трите прерано згаснати животи (па побогу двајцата момчиња од Струмица беа 16-гидишници) во оваа прилика само ќе го нотираме отсуството на безбедност на нашите патишта кое годишно одзема преку 150 животи. И уште 5 до 6 над таа бројка остава тешко повредени луѓе.

Времето на реакција на надлежните, но и на сите нас како учесници во сообраќајот, значи директно спречување на одреден број трагедии. Или пак да продолжиме безмилосно да ги „рушиме“ моторџиите борејќи се со секундите за побрзо пристигнување на одредената дестинација. Ете до тука ја дотеравме работата со нашата сообраќајна безбедност! Од нас зависи дали сме способни и свесни еднаш да кажеме: доста е!

 

P.S. Додека ова го пишуваме на патот Кичево-Гостивар двајца странски мотоциклисти се повредени при судир во кој учествувале две возила. Едниот од словенците поради тешките повреди е пренесен на скопските клиники.

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.