Во денешно време кога патентот со кој е заштитена идејата е повреден од самата идеја, не е ништо чудно некој да тужи некого за кражба на тоа што е заштитено.
Ако во овој контекст ги споменеме Кинезите, тогаш и како прво, и како последно, ни паѓаат на ум нивните бројни „иновативни“ идеи многу „блиски“ до некои други, веќе постоечки на запад.
Но оваа вест има сосема поинаков тек на работите – приказната е свртена наопаку и Кинезите го тужат Renault затоа што им украл лого!
Конкретно се работи за логото на специјализираниот бренд на француската групација Mobilize, за кое кинеската компанија Human Horizons тврди дека премногу е налик на нивното.
Колку личат проценете и сами, но, за волја на вистината, логото на Human Horizons е малку постаро од она на Французите…