EV

Камионите може да добијат додатна функција

Објавено на

 

Малата автономија и долгото време на полнење се болна точка на електричните возила, посебно во региони каде инфраструктурата за полнење е слабо развиена.

Колку и да се трудат инженерите на ова поле, напредокот сепак сé уште не е доволен за да возачите на електричните возила не си го поставуваат прашањето „што ако снемам струја“.

Идеи како да се надмине овој проблем има повеќе, ама ниту една во пракса не е блиску до реализирање.

Којзнае, можеби оваа на Ford ќе има поинаква судбина и навистина ќе смени нешто во позитивна насока за секојдневно користење на електричните возила.

Таа изгледа малку откачено, но во суштина во себе обединеува повеќе предности, навидум без ниту еден недостаток.

Се работи за можноста електричните возила да се полнат во возење, закачени на камион кој ќе ги влече додека патува.

Полнењето може да се врши преку камионот, но и со самото вртење на тркалата на влеченото возило.

Добивка од оваа можност ќе имаат и камионџијата кој ќе заработи некое евро плус, и возачот на електричниот автомобил кој ќе се растерети од една голема мака.

Плус, времето кое треба да се потроши за полнење сега ќе биде искористено за патување – малку побавно, но сепак во движење.

Ова решение посебно е интересно за ретко населени региони каде мрежата за полнење електрични возила е непостоечка, а инвестирањето во неа неисплатливо.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.