Во светот

Калифорнија забранува сé на бензин

Објавено на

 

Под изговорот дека премногу загадуваат, Калифорнија има намера да забрани сé што како гориво троши бензин.

Први на ударот ќе бидат моторните пили, косилките за трева и слични мали уреди со мотор до 25 KS, чија продажба ќе биде забранета од 2024 година.

Според проценките, во оваа сојузна држава во која живеат 40 милиони Американци се користат 16,7 милиони вакви уреди, додека автомобили ги има за 3 милиони повеќе.

Тие пак на ред за забрана доколку трошат фосилни горива ќе дојдат  во 2035 година – после тоа ќе може да се продаваат само ако се на струја.

Иако екологистите очигледно се задоволни со ваквиот тек на настаните, многу граѓани и ситни бизнисмени не се заради економски причини.

Имено, цената на малите уреди на струја е двојно поголема од оние на бензин, при што за некои, на пример генераторите, не ни има соодветна замена.

Државата за нив има подготвено финансиски пакет за помош во висина од 30 милиони (внимавајте – милиони не милијарди) долари.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.