Во светот

Како Volvo ги обучува спасувачките екипи [видео, 2:50]

Објавено на

 

Десет нови автомобили беа качени на кран и пуштени од 30 метри височина, со цел да се обучат спасувачките екипи во случај на таков вид незгоди.

Скапа некоја обука, ќе прокоментираат познавачите. Но Швеѓаните на тоа гледаат од некој поинаква перспектива.

За нив безбедноста е на прво место, па дури и во случај на пад од голема височина со нивни автомобили.

Во најобемниот креш-тест до сега, ангажираните спасувачки екипи имаа можност практично да се запознаат како да делуваат при слични сценарија.

Возилата со кран беа подигнати на височина од 30 метри и потоа оставени слободно да паѓаат.

Вкупно 10 автомобили од различни модели на Volvo беа изложени по неколку пати на падови со што се симулираше можен удар од камион и потоа пад од височина.

Задачата на спасувачките екипи беше во што е можно пократок рок, користејќи хидраулични ножици, да ги извлечат патниците и да ги подготват за транспорт до најблиската болница.

Хакан Густафсон, одговорниот за истражување на сообраќајните незгоди во Volvo Cars, вели дека ова е прв пат екипите да вршат испитување надвор од лабораториски услови.

Добиените сознанија ќе бидат драгоцени во конструкцијата на идни модели и ќе овозможат поефикасни интервенции на спасувачките екипи.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.