Видео
Како НЕ треба да се вози (видео)
Не ни е јасно што мислеше возачот на овој пикап, но сосема е јасно дека тоа што го мислел не смееше да го направи.
Има пишани и непишани правила како секој возач треба да се однесува, но ова што тој го направи е надвор од сé што може да се замисли.
Јасно и прегледно означениот влез на овој автопат во Унгарија никако не остава простор дека дошло до некоја забуна, но сепак тој со вклучен трепкач сврте лево…
Среќа во несреќата е брзата и умна реакција на моноволуменецот кој неизбежниот судар го насочи таму каде ќе има најмалку последици – во задниот дел на пикапот и рудата на приколката.
Исто и фактот дека никој од возачите во сообраќајот што надоаѓаше не возеше пребрзо.
Се надеваме дека од ова може да се извлече поука.