Актуелен Миг
Како изгледа возач во ладен автомобил?
Дебели јакни, шалови, капи, ракавици, се е тоа дел од зимската опрема која ја чува телесната температура на возачот. Внимание, така „дотерани“ прилично лошо влијаете врз безбедноста на сообраќајот.
Типична зимска глетка: автомобили се движат во колона а зад управувачот низ замаглен прозор ѕирка возач во комплетна „зимска опрема“. Одлично е тоа за телесната температура, но што се случува со моториката, прегледноста, ефикасното ракување со командите!?
Додајте ги на тоа реалните ситуации на намалена прегледност поради замаглување на стаклените површини, неисчистените лисја и гранчиња од дрвата или недоволно исчистениот снег и еве одлични услови за – незгода.
Веднаш се отвара работа за осигурителните компании – при среќно поминати незгоди – и работа околу поправки на каросеријата. Лоша е тоа комбинација, и крајно небезбедна.
Притоа, мала утеха е оправдувањето: не го видов. Последиците се тука и мора да се справуваме со нив.
Проблемот со тешката облека на возачите е одамна детектиран, а во законски рамки први го уоквируваат шпанците. Од пред некој ден, со дебели јакни и капути е забрането да се вози, а прекршителите ќе се казнуваат со парична казна до 300 евра.
Ако е загреана, тоа значи дека и нема да се замаглува но истовремено и полесно ќе се манипулира со командите.
Германските експерти ја поздравија оваа мерка и се надоврзаа со сознанијата за намалување на ефикасноста на сигурносните ремени кои при нагло успорување можат да се лизнат низ дебелите јакни.
Ние сме далеку од носење на вакви законски финеси, но секако не сме заштитени од последиците кои доаѓаат во пакет со носењето „зимска опрема“ зад воланот!
Затоа, загревајте ја кабината па нема да има потреба од носење на капи, шалови, ракавици. Подобро ќе биде за сите.
текст: Агрон Сулејман