Видео
Како изгледаат сопирачките кај F1 болидите [видео]
Пожелно e сопирачките да работата правилно, поготово при сопирање од преку 300 км/ч како што е тоа случај кај болидите од Формула 1.
Сигурно сте слушнале за сопирачките системи со знакот на Brembo. Како и не би кога тие ги испорачуваат своите сопирачки на конструкторските тимови од најбрзиот циркус на светот. На нивниот список се екипите на Ferrari, STR, Fors India, AMG Mercedes и Red Bull.
Одговорноста за целосно сопирање на болидите од максималните брзини кои се движат и до 350 км/ч па се до целосно сопирање, паѓа токму врз плешките на сопирачките со потпис на Brembo
Дали мора да напоменеме дека системите кај болидите од F1 се многу софистицирани и специфични. Во случај сè да не функционира беспрекорно реални се шансите за катастрофа.
На видеото можете да видите како се тестираат карбон-керамичките сопирачки на Brembo. Обрнете внимание на дисковите кои во рекордно брзо време од вжарување успеваат брзо да се оладат и повторно да пружат потполна ефикасност!