Ако сте љубител на дигитализираните автомобили, тогаш веројатно ќе бидете одушевени со оваа вест.
Имено, Mercedes поднесе барање за патентирање на дигитални надворешни рачки на вратите на автомобилите.
Идејата е на нив, кога ќе се доближите до автомобилот, да се испишат одредени информации – колку е часот, температурата и слично.
Функционирајќи поврзани со вашиот мобилен телефон, тие ќе ви пренесат и некои пораки од него – на пример пропуштените повици.
Опциите што ќе се покаже на нив практично се неограничени, а постои и можност на рачката од автомобилот да биде испишано вашето име.