Во светот
Како во Белград го контролираат паркирањето?
Во главниот град на Србија започна да се применува нов електронски систем за контрола на паркирањето.
Наречен „Око соколово“, тој покрива 93 најпрометни улици во Белград. Се работи за специјално опремени возила кои по нив ќе поминуваат на најмалку 20 минути и ќе снимаат кој каде и како има паркирано.
Но веќе од наредната недела нема да биде така и ќе се наплатуваат и казните за погрешно паркирање, од кои досега годишно се собираа околу 5 милиони евра.
Белградските власти наведоа уште и дека за потребите на овој систем се набавени 18 возила Land Rover Discovery Sport по цена од 26.666 евра, плус уште по околу 4.000 за надградба со специјалната опрема.