Во светот

Како би изгледал Range Rover во 2027?

Објавено на

Целосно автономен, наменет за бизнисмените и нивниот урбан живот – тоа е замислата како би изгледал Range Rover во 2027 година што ја претставува надежниот дизајнер Томас Цумалакареги.

Ова дело настанато како негова магистерска работа не само што ја покажува сета креативност што ја има, туку и визионерската насока во која би се движеле возилата во иднина.

Range Rover настанат како луксузен теренец во 1970 година одамна ја има надминато својата изворна намена – да му служи на британското благородништво за лов.

Тој сега е современо возило чиј производител се труди да го опреми со сé што им треба на неговите сопственици за попријатен престој во него, на кои ни на крај памет не им е да ловат лисици низ британските магли.

Следејќи го тој тренд, Цумалакареги го трансформира Range Rover во еден вид моноволуменец, кој нема што многу заедничко со теренските возила.

Јасниот урбаниот карактер го дефинира тоа, исто како и што организацијата на ентериерот е наметната од потребите на неговите сопственици, кои користејќи ги автономните функции ќе можат да работат додека се возат со него.

Согласно тоа Цумалакареги му одредил раскошни димензии, а механиката, секако, би била електрична.

Јасно е дека овој проект нема ништо заедничко со иднината на Range Rover, но сигурни сме дека ќе влијае на иднината на младиот дизајнер, поточно на неговите идни вработувања.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.