Во светот
Каде кој автомобил е најпродаван?
Toyota Corolla во светот, а Kia Sportage кај нас – така вели графиконот на порталот Visual Capitalist за тоа каде кој автомобил е најпродаван.
Податоците не им се баш нови – од крајот на 2019-та се – очигледно им требало многу време да ги соберат и средат графички.
Она што веднаш се забележува е дека во земјите кои имаат сопствена автоиндустрија најдобро продаван е некој домашен модел, што и не е некое изненадување.
Деталниот поглед (кликнете тука за поголема слика) сепак ќе ви приреди изненадувања, дури и ќе ве насмее, бидејќи во Франција најдобро продаван е – Peugeot 2001.
Затоа сфатете ги резултатите од нивниот труд, колкав и да е, само како чиста забава.