EV
И Renault експериментира со водородот
Во јули најавени, првите резултати на новата компанија HYVIA која делува под покровителство на Renault, веќе се готови.
Заеднички со светскиот лидер за водородни решенија, американската компанија Plug Power, Renault ќе го понуди Master Van H₂-Tech.
Ќе ги исполнува потребите на малите бизниси, големите флотни купувачи и секој што има потреба од транспорт, за во продажба ќе се најде идната година.
Master Van H₂-Tech е опремен со горивни ќелии со моќност од 30 kW, батерии со капацитет од 33 kWh и четири резервоари од по 1,5 kg водород.
Иако технологијата е американска, Renault преку HYVIA порачува дека возилото и сите компоненти ќе бидат произведени во Франција.
За иднина се најавени уште три верзии на Master H₂-Tech – шасија со кабина, поголемо комби од 19 m³ и градски минибус за превоз на 15 патници.