Во светот
И Porsche 911 GT3 забранет во Калифорнија
Многумина за Калифорнија мислат дека е рај на земјата, но таа не е тоа за љубителите на моќните автомобили.
Премногу нечисти, премногу бучни, премногу бакар имале во сопирачките – Porsche 911 GT3 е само еден од низата чија продажба во Калифорнија е забранета заради некоја од наведените или слични причини.
Претходно во декември истата судбина ја доживеаја и три перформансни верзии на Chevrolet Camaro.
Прв автомобил што настрада беше Pontiac Firebird Trans Am, и тоа два пати, а слична судбина во тоа време имаше исто така и Corvette.
Но немојте да мислите дека ова се изолирани случаи – бројот на непожелните автомобили е далеку, далеку поголем бидејќи самите производители, не сакајќи да се бламираат пред остатокот на светот, воопшто и не ги понудуваат на продажба во Калифорнија ако сметаат дека им е ризично дали ќе ги исполнат сите нивни можни и неможни барања.