Peugeot се приклучи на автомобилските производители кои повеќе нема да нудат возила со мотори со внатрешно согорување.
Според изјавата на првата дама на Peugeot Линда Џексон, во Европа од 2030-та година ќе се продаваат само електрични автомобили.
Но на другите пазари возилата задвижувани со мотори со внатрешно согорување ќе се испорачуваат и во наредната деценија.
Peugeot на купувачите во Европа веќе им ги нуди електричните верзии на 208, 2008 и другите модели базирани на нивната платформа.
Моментално се работи на електрификацијата на новиот 308, кој во ова издание на пазарот ќе се појави во 2023 година, следен и од 3008.
Добар дел и од другите марки од групата Stellantis веќе најавија преминување кон целосна електрификација – DS, Alfa Romeo, Lancia, Abarth, Opel…