Во светот

И руските олимпијци добија на подарок автомобили [видео]

Објавено на

 

Пред еден месец, кинеските власти ги почестија со луксузни автомобили своите олимпијци – освојувачите на златни медали ги добија на подарок, а останатите на користење.

Сега истото го сторија и Русите, кои на своите најуспешни спортисти им поделија клучеви од нови BMW возила.

Од церемонијата одржана во Кремљ оние што освоија олимписко злато си заминаа со X5, а останатите со помалиот X3, но за разлика од Кинезите сите тие ги добија на подарок.

Возилата, вкупно 77 и тоа 31 од моделот X5 а останатите X3, ги предаде Димитриј Медведев а ги обезбеди непрофитниот фонд за поддршка на руските олимпијци.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.