Видео
И ова е Harley-Davidson [видео]
Кога ќе се спомене Harley-Davidson сите помислуваат на голем американски мотоцикл, но…
Всушност има две „но“ – едното е дека и овој велосипед што го гледате е Harley-Davidson, а второто дека е на струја.
Носи назив Serial 1 и дело на електричното одделение на познатиот мото-производител, кој засега остана должен за било какви технички детали за него.
Нив ќе ги дознаеме многу бргу бидејќи почетокот на продажбата му е закажан за март идната година, односно за некој месец.
Од фотографиите може да се заклучи дека батеријата му е интегрирана во рамката, електромоторот е поставен централно, на оската на педалите а место ланец има назапчен каиш.
Дизајнерски навлегува во нео-ретро води – седиштето, рачките, белите тркала и елегантната црна рамка неодоливо потсетуваат на првиот мотоцикл на марката, кој нималку случајно се вика Serial Number One.