Во светот
И Либан има електричен автомобил!
И земјата која три децении не може да се опорави од граѓанската војна и во која рестрикциите на струја се секојдневни, има електричен автомобил.
Означен како Quds Rise како што тие го нарекуваат Ерусалим, овој 100 отсто домашен електричен автомобил со футуристички облик е подготвен за производство.
Планот е да се пласираат по 10.000 возила годишно, по цена од 30.000 долари.
Низ земјата ќе се постават стотина полначи, кои заради рестрикциите на струја и честите дефекти на мрежата ќе бидат опремени со сопствени агрегати.