EV

И Канада се префрла на струја

Објавено на

 

Списокот на држави кои ќе ја забранат продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување е сé подолг.

Најнова земја на него е Канада, каде од 2035 година повеќе нема да можат да се купат возила со погон на фосилни горива туку само електрични.

Одлуката која лично ја најави премиерот Џастин Трудо се однесува за патничките и лесните комерцијални возила, додека останатите сегменти ќе бидат исклучени.

Канада планира на своите граѓани максимално да им го олесни преминувањето на електричните возила, пред сé со вложување во инфраструктурата и со законските акти.

Транзицијата која би требала да започне од 2025 година е доста храбар чекор за големата и ретко населена земја, во која возниот парк во голема мерка се потпира на американската автомобилска индустрија.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.