EV
И германците знаат да погрешат во законските процедури
Милион Германци ќе се спасат од сообраќајна казна заради грешка во процедурата.
Тие предизвикаа голема реакција на јавноста затоа што во многу случаи предвидуваат привремено одземање на дозволата.
И најверојатно зафатени со одбрана на своите ставови, германските власти во подготвување на обрасците за новите казни испуштиле важен дел – на некои места заборавиле да се повикаат на основниот закон за безбедност во сообраќајот.
Така заради грешката во процедурата, правно гледано сите казни се изречени незаконски, што значи дека ќе мора да се сторнираат.
На тој начин милион Германци ќе се спасат од долгата рака на законот која бркнала длабоко во нивниот џеб, а околу сто илјади ќе ги зачуваат своите возачки дозволи кои, незаконски нели, привремено им се одземени.