Во светот
И богатите мора да штедат
Верифицирано – најштедливиот и најчист Bentley во историјата е Flying Spur Hybrid.
Тешки времиња дојдоа, заради што секој мора да ги по понесе товарот, му се допаѓало тоа или не.
Bentley реши – на ред се неговите купувачи – автомобилите мора да бидат поштедливи и поеколошки.
Основа е 2,9 литарскиот V6 бензински мотор кој не звучи по мерка за ваква лимузина, ама во синергија со електромоторот постигнува 544 KS.
При нивното пренесување на асфалт резултатот е забрзување до 100 километри на час за 4,3 секунди и максимална брзина од 285 km/h.
Меѓутоа поинтересно е што со батериите со капацитет од 18 kWh кои се полнат 2,5 часа може бесшумно да помине 41 километар.