Авто Спорт
Иџе се враќа на европските патеки
Игор Стефановски Иџе со својот Hyundai i30 N годинава ќе вози неколку трки од TCR Italy серијата со што најуспешниот наш тркач и службено се враќа на натпреварувачките патеки.
Добро, најлесно е човек да се помири со судбината која ја делат малите и финансиски нејаки држави.
Но за среќа ние го имаме Игор кој никако не се помирува со таквиот статус и со сите сили се бори за пробивање на патот до европски подиуми.
А европскиот врв не му е непознат. Двете досегашни тутули во Европскиот шампионат на брдски трки (2014 и 2015 год.) доволно говорат за неговите возачки квалитети.
Иако со мало задоцнување, популарниот Иџе годинава ќе се натпреварува во престижната TCR Italy серија.
Токму на нивни домашен терен нашиот Игор Стефановски, со несебична помош на спонзорите и пријателите, и пред се со својот Hyundai i30 N, ќе се обиде да ги покаже своите несомнени возачки квалитети и да им се спортивстави на италијанските асови.
Всушност оваа натпреварувачка сезона целта на Иџе освојување на што поголем број подиуми, амбиција која звучи и повеќе од реална.
Покрај учеството во TCR Italy, на пригодниот прес одржан во просториите на „Кореа Ауто Трејд“, менаџерот на екипата „Stefanovski Racing Team“ ни соопшти дека Иџе ќе се појави и во домашниот шампионат.
Се разбира дека тоа ќе бидат промотивни возења, за публиката непосредно се увери во капацитетите како на пилотот така и на болидот. Искрено, баш се радуваме на тие средби.