Техника
Иновативни бришачи со две метлички [видео]
Ве нервира кога бришачите при враќање оставаат траги? Секако дека ве нервира, ама на тоа изгледа ќе му дојде крај.
Решението го има стартап компанијата ClearBlade од Денвер, која веќе започна со производство на своите иновативни бришачи.
Идејата е толку едноставна што е чудно како никој досега не се сетил, бидејќи жилетите со две (и повеќе) сечила со кои се бричиме постојат цели децении.
Со нивна помош средството за стакла се користи поефикасно и бришачот подолг период ги задржува својствата за чистење на ветробранското како кога бил нов.
Слично, но далеку поскапо решение пред неколку години имаат развиено Mercedes и Valeo, но тоа користи два бришача кои за да се заменат мора да се посети сервис.
За разлика, бришачот на ClearBlade едноставно се менува и тоа може да го стори секој возач, а чини меѓу 15 и 30 долари.