Интересно
Имате ли неколку дена вишок од животот?
Дали некогаш сте прочитале упатство за користење автомобил? Ако не сте, подобро немојте – ќе ви треба многу, навистина многу време.
Една анализа на упатствата што доаѓаат со новите автомобилите покажува колку се тие навистина „детални“, било тоа потребно или не.
Најдолго упатство има Audi R8 – точно 616.064 зборови отпечатени на 308 страници, за чие читање од корица до корица ќе ви требаат точно 43 часа и 9 минути.
За да добиете уште пореална слика, упатството за R8 има 28.777 зборови повеќе и за негово читање ќе требаат два часа повеќе отколку за Војна и мир.
Ова се најдолгите упатства:
- Audi R8 – 616.064 зборови (43 часа и 9 минути)
- Audi e-Tron – 603,649 (42:16)
- Ford F-серија – 194.305 (13:36)
- RAM Pickup – 177.196 (12:24)
- Audi A3 – 174.181 (12:11)
- Volvo XC40 – 171.457 (12:00)
- Volkswagen ID.4 – 168.060 (11:46)
- Jeep Gladiator – 163.857 (11:28)
- Ford Focus – 163.225 (11:25)
- GMC Sierra – 158.194 (11:04)