Во светот
Играчите на Реал добија нови автомобили
Audi, се разбира – германскиот производител соработува со кралскиот фудбалски тим уште од 2003 година и од тогаш сите негови играчи и тренерот на првиот тим возат модели од марката со четирите прстени.
Audi редовно ги снабдува фудбалерите на славниот шпански тим со најновите и атрактивни свои модели. А тие, согласно имиџот на Реал, нималку не се скромни – секогаш бираат моќно, брзо, скапо…
Исто така само еден се одлучи за Q5, а двајца за електричниот e-Tron Sportback.
Во Реал има и љубители на брзите лимузини и каравани.
Eден фудбалер се реши за RS 7 Sportback, а двајца за RS 6 Avant. Нешто поскромни беа четворица, чиј избор беше A7 Sportback.