EV

Зелени таблички за зелените автомобили

Објавено на

 

Излегувањето од Европската Унија на Велика Британија и овозможи креирање уникатни решенија.

За да ги промовира чистите возила, Велика Британија до крајот на годинава ќе воведе зелени регистарски таблички за нив.

Според министерството за транспорт кое ја објави веста, тие ќе се издаваат само на возилата со нулти емисии.

Тоа на службите ќе им овозможи нивно полесно идентификување, а на возачите добивање на разните бенефиции што им следуваат – бесплатен паркинг, ослободување од плаќање еколошки такси и друго.

Оваа иницијатива е дел од планот на Британија до 2050 година да има транспорт со нула емисии на јагленород диоксид. За таа цел веќе се одвоени 1,5 милијарди фунти за креирање стратегија како тоа да се постигне.

Дополнително владата ќе одвои 12 милијарди фунти за фонд за истражување и развој на технологии со нула емисии, вклучувајќи ги и автомобилите и подобрување на постоечката мрежа за полнење на електричните возила.

Независно од ова, најавено е доделување субвенции за купување електромобили во висина од 6.000 фунти на сите што ќе ги заменат своите сегашни возила со нив.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.