Во светот
Збогум на алкохолот зад воланот во САД
Американските власти ќе воведат технологии за спречување на возење во пијана состојба.
Меѓу сé друго вклучувајќи ги и милијардите за електричните возила, и ова е предвидено со обемниот закон за инфраструктурата кој чека на потпис на претседателот Бајден.
Според него, смртните случаи во возење под дејство на алкохол претставуваат отприлика третина од сите смртни случаи на патиштата во САД.
Затоа законот истакнува дека напредните технологии за спречување на возење во пијана состојба мора да бидат стандардна опрема во сите нови патнички возила.
Засега прецизен датум за нивно воведување не е одреден – предвиден е период од три години за воспоставување и уште три за прилагодување на производителите на возила. Според проценките, може да се спречат повеќе од 9.400 смртни случаи годишно.