Актуелен Миг
За прв пат во два месеца горивата поевтинеа
Да не знаевме, ќе помислевме дека се наближуваат избори – за прв пат во два месеца горивата поевтинуваат.
Бидејќи сé уште е рано за 1 април, ќе мора да ѝ веруваме на државната регулаторна комисија за енергетика која вели дека од полноќ ќе плаќаме поевтино за горивата кај нас, и тоа во просек за цели 1,35 отсто.
Дополнително, курсот на доларот во претходниот пресметковен период опадна за 0,066%, заради што согласно методологијата за формирање на цените, нафтените деривати кај нас поевтинија за дури 0,50 денари за литар.
Така сега за еуросупер БС-95 и БС-98 ќе плаќаме по 67,00 односно 69,00 денари за литар, додека за еуродизел Д-Е V до другата недела ова време ќе треба да издвојуваме по 56,50 денари за литар.
Пред да започнат горивата да поскапуваат, на крајот на јануари за бензинот 95 плаќавме по 61, а за дизелот по 52 денари за литар.