После Passat, и Renault Talisman оди во пензија. Ослабувајќи ја и онака слабата понуда на модели од овој сегмент.
Но за разлика од Volkswagen кој продолжи со производството на караванот, Французите истовремено ги укинаа и двете верзии на Talisman.
Од другите, пак, Ford годинава ќе престане со производството на Mondeo, Citroen го префрли C5 во „нешто помеѓу“ класичен седан и SUV, а Opel веројатно ќе го следи со Insignia.
Така, во игра може да останат само Peugeot 508 и Škoda Superb, на која, со оглед на движењата во овој сегмент, ѝ е судено да стане негов лидер.