Актуелен Миг

Застапеност на кинеските брендови на нашиот пазар

Објавено на

 

Домашниот пазар е се позаинтересиран за кинеските возила – кои брендови се нудат на пазарот!

Кој владее со Европа, ќе владее и со светот. Речиси без исклучок сите светски производители го почитуваат ова непишано правило.

Моментно е во тек големата кинеска операција за освојување на купувачите на Стариот континент.

Постепено навлегуваат во сите категории и тоа со технологии кои се движат од примена на бензиски мотори, преку хибридите па се до (а можеби и најмногу) автомобили на електрична енергија.

Очигледно се работи за стратешки план разработен до перфекција, а со цел освојување на најпробирливиот светски пазар.

Од мноштвото кинески производители, би било интересно да погледнеме кои брендови се застапени на нашиот пазар.

>> Great Wall Motors: – „Толту Моторс“ е најстарата компанија која застапува кинески производите на домашниот пазар.

Од патничкиот програм се нудат SUV возилата од побрендот Haval, и тоа моделите Jolion и H6, со бензиски и хибридни погони.

Во понудата е вклучен и најновиот, а воедно и наголемиот Dargo кој за сега се нуди само со бензиски мотор.

>> DFSK Motor: – Компанијата создадена со спојување на Dongfeng и Sokon Automobile на нашиот пазар ја работи Abc Brother. Понудата се состои од SUV моделите: 500, Glory 580, F5, T5 Evo, потоа седанот Shine, како и електричниот Seres 3.

>> Volvo:Доминантен сопственик во шведскиот премиум бренд се кинезите од Geely групацијата.

Застапникот Volvo Cars Macedonia во понудата вклучува палета на SUV модели од серијата „XC“ (40, 60 и 90), потоа караванот S60, како и луксузниот седан, S90.

Сите модели се од серијата Recharge што значи дека се електрифицирани, а понудата сега се збогатува со штотуку пристигнатиот EX30 кој се движи само на струја.

>> MG: – Grand Motors во Македонија го донесе кинескиот бренд кој пред две децении стана сопственик на познатиот британски бренд.

Понудата се состои од два бензиски SUV модели (MG ZS и MG HS) како и од целосно електричниот хечбек, MG4.

>> Chery: Исто така застапувани од Grand Motors, во мометот се нудат три SUV модели (Tiggo 8 Pro, Tiggo 7 Pro и FX) на автомобилскиот дел од групацијата. Најавите говорат за проширување на понудата со три нови бренда кои би биле застапени со по три нови модели.

>> Geely: Веќе е најавено отварањето на продажен салон на автомобилскиот бренд од истоименета групација. За моделската застапеност и понудата, набрзо се очекуваат поконкретни информации.

Според информациите со кои располага нашата редакција, до крајот на годината се очекува пристигнување на најмалку уште два големи бренда.

Но, земајќи ја во предвид кинеската прагматичност, домашниот пазар може да биде збогатен со уште неколку големи брендови за кои домашните импортери (и нивните регионални принципали) покажуваат нескриен интерес.

Тука превенствено мислиме на евроскиот хит, BYD (Bild Your Dream) кој е во тек со избoрот на регионални дистрибутери.

 

P.S. Информациите се преземени од службените сајтови на домашните компании.

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.