Актуелен Миг

Започна On-Line гласањето во Изборот за “Автомобил на годината во Македонија за 2021“

Објавено на

 

Од денеска па се до крајот на месецот ќе трае On-line гласањето во Изборот за „Автомобил на годината во Македонија за 2021“.

Во годинешниот Национален Избор за „Автомобил на годината во Македонија за 2021„ еден рамноправен глас при изборот ќе биде доделен врз основа на гласањето на јавноста.

Финалистот што ќе добие најмногу гласови од јавноста, ќе добие еден глас и тој ќе биде рамноправен заедно со гласовите на членовите на Жирито и гласот на финалистите.

Онлајн гласање се спроведува преку платформата на www.COTY.mk (Автомобил на годината во Македонија) каде е поставена анкетата:  https://coty.mk/#vote

Заради добивање порелевантни резултати од гласање, направени се ограничувања, и ќе биде возможно гласање за еден финалист само од IP адреса од Македонија.

Исто така ќе биде можно да се гласа само еднаш во период од 24 часа. Гласањето ќе трае до 28 февруари 2021 година до 23.59 часот.

Во функција на подобро запознавање на публиката со финалистите, на платформата на www.COTY.mk поставени се кратки претставувања на сите финалисти, а исто така сите финалисти ќе добијат и соодветна застапеност во медиумите со кои соработува Националното Жири.

Националното Жири ќе овозможи што е можно поголем број на лица да бидат запознаени со Изборот и гласањето. Поставени се линкувани банери кај медиумите кои го поддржуваат Националниот избор на Автомобил на годината во Македонија.

Доколку и вие сакате да го поддржите изборот можете преку вашите канали на комуникација да ги повикате вашите пријатели и поддржувачи да гласаат во Изборот.

Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2021 во Македонија, ве потсетуваме дека Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето (по азбучен редослед):

        – Citroen C4
        – Land Rover Defender
        – Nissan Juke
        – Peugeot 2008
        – Skoda Octavia
        – Seat Leon
        – Toyota Yaris
        – VW Golf

Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија годинава по 26. пат го организира Изборот. Покрај главната награда „Автомобил на годината во Македонија“, Националното Жири ќе додели и посебни признанија:

* „SUV на годината“
* „Томислав Биљарац“ – признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија
* „EV“ на годината – признание на модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.