Производството на петтата генерација на Kia Sportage за европскиот пазар во фабриката во Жилина во Словачка веќе е започнато.
Од 2006 година досега околу два милиона возила од популарниот SUV ја напуштила монтажната лента во словачката фабрика.
Од нив 104.500 се од втората генерација на моделот, 797.500 од третата и повеќе од милион од претходната, четврта генерација.
Новата генерација на Kia Sportage посебно е дизајнирана за сите главни светски пазари, а европската верзија беше претставена на почетокот на септември.
Новиот модел ќе биде достапен со бензински, дизел и електрифицирани погонски групи – како класичен и плаг-ин хибрид.
Покрај тоа, гамата ќе опфаќа и верзии со погон на предните и сите четири тркала, со шестстепен мануелен или седумстепен менувач со двојна спојка.