Според истражувањето на европската федерација на транспортните работници, единствена причина за заморот на возачите се лошите работни услови.
Бројките во студијата во која учествуваа 2.861 возач на камиони и автобуси се застрашувачки:
- 60% од возачите на камионите и 66% на автобусите изјавиле дека продолжуваат да возат и кога се уморни
- 27 отсто избегнале за малку или имале несреќа заради замор
- на скоро секој трет возач на камион и на секој четврти на автобус барем еднаш му се случило да задрема за време на возењето
Не постои коментар што на ова може да се даде.