Во светот
Загадување на воздухот – Германија на тапет
Правдата е бавна, но пристигнува – европскиот суд на правдата ја осуди Германија за загадувањето на воздухот во периодот 2010 до 2016-тата.
Судиите на ЕУ во Луксембург одлучија дека Германија го прекршила законите на Унијата подржувајќи ја на тој начин тужбата што во 2018 година ја поднесе Европската комисија.
Но колку и да звучи страшно, ваквиот развој на настаните и оди на рака на германските власти бидејќи со него полесно ќе се истуркаат забраните за возење дизел автомобили во градовите.
Имено, како што е познато, покрај индустријата и возилата со дизел мотори се големи емитувачи на овие опасни по здравјето гасови.
Според германските федерални власти, вредностите на азотни оксиди во 2016-та во некои случаи значително се надминати во 90 града, а во 2019-тата во 25.
Лани пак, како директна последица на пандемијата, тоа беше случај само во шест германски града, меѓу кои Минхен и Хамбург.