EV

ЕУ им се свети на Британците

Објавено на

Не знаеме како да ја сфатиме оваа одлука на Европската Унија освен како освета на Британците што им создадоа толку маки со Брегзит.

Имено, европските власти ја забранија осветлената статуа Spirit of Ecstasy која некои модели на Rolls-Royce ја имаат на маската.

Според одлуката, од сега ниту еден автомобил на Rolls-Royce во Европската Унија не смее да се продава со осветлен симбол, додека оние што ја имаат ќе мора да го заменат.

Дополнително,  Rolls-Royce ќе мора на сопствениците да им ги врати парите што ги платиле за овој екстравагантен статусен симбол.

Причината зошто е донесена ваква забрана се оправдува со прописите што ЕУ ги има против таканареченото загадување со светло.

Rolls-Royce прв пат ја покажа осветлената статуа Spirit of Ecstasy на концептот 102EX во 2011 година, по што започна да нуди како опција низ целата гама сé до февруари лани, по цена од 3.500 фунти.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.