После четири години на пазарот, BMW X7 ова лето пристигнува во редизајнирана и подобрена верзија со мотори до 530 KS.
Најголемиот SUV на BMW и досега имаше контроверзен изглед, но сека X7 по прашање на естетиката дефинитивно е уникатен на пазарот.
Се претставува со ново лице со предни светла поделени на два дела – горните се дневни а поголемите и пониско поставени главни со LED матрична технологија.
Маската која ги задржа импресивните димензии сега свети кога автомобилот се отклучува, а измени преживеаја и задните светла.
Согласно димензиите и позиционираноста на пазарот, X7 во кабината има издашна пространост и доаѓа во конфигурации со 7 или 6 седишта.
Опремата вклучува четиризонска клима, триделен панорамски покрив со LED точки кои создаваат ефект на ѕвездено небо, многу кожа, Bowers & Wilkins озвучување…
За погон се грижат три агрегати интегрирани со погон на сите тркала и осумстепен автоматски менувач.
Најслаб е дизелот со 352 KS од три литри колку што има и бензинецот моќен 380 KS, додека на врвот е 4,4 литарскиот V8 со 530 коњски сили.
Првите испораки се планирани за август, кога и цените ќе бидат познати.