Меѓу вестите за богатството на Елон Маск кои ги има секој ден но со различна бројка милијарди во себе, се протна и една во која исто така бројките растат.
Но тие овој пат се однесуваат за цените на возилата на Tesla во Европа, пред сé на Model S и Model X, кои се сé поголеми.
Во Германија, на пример, основната изведба на Model S сега чини 81.990 евра, што е за пет илјади повеќе од порано, слично е и во Франција и Велика Британија, додека во Шпанија тој е поскап за поскромни две илјади евра.
Причината зошто е така можеби ќе стане јасна ако се знае дека најран термин за испорака на овие два модела е март 2021-вата.
За споредба, цената на истиот автомобил во САД изнесува 67.920 долари, што според сегашниот меѓувалутен курс е 57.000 евра, односно за 24.000 помалку отколку во Европа.
Од друга страна, цените на Model 3 пораснаа за само 500 до 1.000 евра, што се толкува на неговата пазарна загрозеност од страна на Volkswagen ID.3.